БЕСА И АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЌЕ СИ ДАДАТ ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ, ОД ЗАЕВ ОЧЕКУВААТ ДА БИДЕ НЕУТРАЛЕН ВО СТРУГА

    БЕСА И АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЌЕ СИ ДАДАТ ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ, ОД ЗАЕВ ОЧЕКУВААТ ДА БИДЕ НЕУТРАЛЕН ВО СТРУГАБеса има поголеми шанси во седум, а Алијансата за Албанците во пет општини. - Претставниците на двете партии на денешната прес-конференција (Фото: СДК.МК)

    Три дена по завршувањето на првиот круг од гласањето, Движењето Беса и Алијансата за Албанците склучија договор за поддршка во вториот круг на локалните избори.

    Согласно договорот, Движењето Беса ќе ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет општини, додека Алијансата за Албанците ќе ги поддржи кандидатите на Беса во седум општини во коишто тие имаат поголеми шанси за победа.

    „Според гласовите што ги добија двете партии, излегува дека во вториот круг од изборите ќе ни треба меѓусебна поддршка“, изјавија претставниците на двете партии.

    На новинарско прашање за Алијансата за Албанците дали во Струга очекуваат поддршка од премиерот Зоран Заев како коалиционен партнер во Владата, одговорот беше дека очекуваат Заев да остане неутрален.

    Во вториот круг во Струга се пласираа Зијадин Села од АА и Рамиз Мерко од ДУИ. Вториот круг ќе се одржи на 29 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира