БЕСПЛАТЕН ПРЕГЛЕД ЗА МАМОГРАФ ОД 1 НОЕМВРИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    БЕСПЛАТЕН ПРЕГЛЕД ЗА МАМОГРАФ ОД 1 НОЕМВРИ, НАЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОСлавни објекти се осветлуваат во розево за поддршка на кампањите за кревање на свеста за рак на дојка; - Стоковната куќа Галери Лафајет во Париз. (Фото: СДК.МК)

    Од 1 ноември ќе има бесплатни прегледи за рак на дојка, а пријавувањето ќе биде преку специјална веб-страна, најави Министерството за здравство.

    „Жените од возрасната група од 45 до 69 години ќе бидат опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена”, сооПшти Министерството без да каже кога ќе биде објавена.

    Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

    Жените со години реагираат дека нема термини за мамографија, а Министерството вели дека се иницирани промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот од преглед до третман.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира