Еуролинк осигурување организира бесплатна туристичка тура на археолошкиот локалитет Хераклеја во Битола за стотина граѓани на 6 мај, соопшти осигурителната компанија. Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, можат да се пријавуваат од денес до следната среда на [email protected], со испраќање генералии: име и презиме, возраст и контакт-телефон.
Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот, кој вклучува: логистика, автобуски превоз, професионален водич, билети за посета на локалитетот, подароци, како и освежување за учесниците во турата. Поаѓањето на 6 мај е во 8.30 часот на паркингот пред Дрво декор спроти „Холидеј ин“.
Туристичките прошетки од проектот „Мапа на културата“, ќе се реализираат во текот на целата година, во неколку етапи, а Хераклеја е првата дестинација.