БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ЖЕНИ ВО МЕНОПАУЗА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА ОД 16 ДО 20 ОКТОМВРИ, НЕ ТРЕБА УПАТ И ЗАКАЖУВАЊЕ

    БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ЖЕНИ ВО МЕНОПАУЗА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА ОД 16 ДО 20 ОКТОМВРИ, НЕ ТРЕБА УПАТ И ЗАКАЖУВАЊЕАкцијата е во чест на 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата. (Фото: СДК.МК)

    Од 16 до 20 октомври на Клиниката за гинекологија и акушертство (ГАК) во Скопје, доктори специјалисти ќе извршуваат бесплатни прегледи и консултации за жените кои веќе ги чувствуваат првите знаци на менопауза или пак оние кои веќе се во менопауза. Акцијата е во чест на 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата.

    Прегледите се бесплатни, не е потребно закажување и не е потребен упат. Прегледите ќе се одржуваат од 16 до 20 октомври од 14 часот до 20 часот во амбуланта бр. 11.

    Ќе прегледуваат докторите по овој распоред: ас. д-р Даниел Милковски (16 октомври), доц. д-р Анета Сима (17), ас. д-р Димитар Калчовски (18), ас. д-р. Наташа Илиева (19) и ас. д-р Ива Малахова-Ѓореска на 20 октомври

    Висок процент од жените, дури 65 отсто, велат дека се неподготвени за менопаузата, природен дел од стареењето кој се должи на природното опаѓање на репродуктивните хормони кај жената, почнувајќи некаде од 45-та до 55-та година. Затоа, како што советуваат гинеколозите, неопходна е емпатија и индивидуализирана грижа за секоја жена која се движи низ оваа сосема природна, но понекогаш стресна фаза од животот.

    Менопаузата понекогаш се нарекува и „промена на животот“ и го сигнализира крајот на способноста на жената да зачне.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира