БИ БИЛО ГРЕВ ПРЕД ИСТОРИЈАТА АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, МУ КАЖА БОРИСОВ НА ОСМАНИ

    БИ БИЛО ГРЕВ ПРЕД ИСТОРИЈАТА АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, МУ КАЖА БОРИСОВ НА ОСМАНИНа средбата, Борисов му кажа на Османи дека е многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во политичка резолуција во Европскиот парламент. (Фото: БГНЕС)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов му кажа на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека би било грев пред историјата ако Бугарија и Северна Македонија не успеат да најдат компромис, објави бугарската агенција БГНЕС по нивната средба во Софија.

    Борисов вели дека треба да почнат разговори на сите нивоа меѓу двете земји за да може да се дојде до компромисно решение до 10 ноември, кога Северна Македонија и Бугарија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес.

    „Треба само да ја направиме историјата мост на пријателството и блискост, а не урнат мост преку кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри. Сегашните перспектива и момент се исклучително важни и би било грев пред историјата доколку не успееме да најдат компромис. Ни светот нема да не разбере“, изјави Борисов.

    Бугарскиот премиер се надева дека Република Северна Македонија ќе ги добие потребните гаранции од Бугарија и дека ќе се движи на патот за пристапување во Европската унија.

    „Неопходните компромиси мора да се направат, како што направија многу други. Ние сме должни за сегашните и за идните генерации да осигуриме дека во никој случај Република Северна Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан нема да бидат запрени на патот кон Европската унија“, кажа Борисов.

    На средбата, Борисов му кажа на Османи дека е многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во Европскиот парламент.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира