Биографиите на нашата обвинителката во Еуроправда Ленче Ристоска, на судијата за организиран криминал и корупција Ненад Савески (поранешен обвинител), потоа на обвинителката Лидија Раичевиќ која го води предметот со спортските ваучери, на експретседателот на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски и на в.д. Државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, Собранието денеска ги испрати до Владата.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари 2026 година. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.
Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Ако Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас.
Државен јавен обвинител се бира со 61 глас од пратениците.
С. К. ДЕЛЕВСКА



