БИТОЛЧАНИ БАРААТ ОСТАВКА ОД ЧАВКОВ ПОРАДИ ИНФОРМАТИВНИТЕ РАЗГОВОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ БАРААТ ОСТАВКА ОД ЧАВКОВ ПОРАДИ ИНФОРМАТИВНИТЕ РАЗГОВОРИ

    Демонстрантите во Битола вечерва се пред седиштето на СВР каде што бараат оставка од министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тие протестираат поради информативните разговори што ги спроведува полицијата со учесници на Шарената револуција.

    Битолчанецот Сашо Ралевски, учесник во антивладините протести вечерва е повикан на информативен разговор заради учество во демонстрациите. Досега се повикани четворица битолчани, меѓу кои и една девојка која на распит треба да се појави утре.

    Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова за агенцијата Мета претпладнево изјави дека повикувањето на информативен разговор е тековна работа на инспекторите и не открива колкумина се повикани за овие случаи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари