БИТОЛЧАНИ ПЛАЌААТ СО ПАРИТЕ СО ЛИКОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ ПЛАЌААТ СО ПАРИТЕ СО ЛИКОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

    Низ битолските кафулиња во оптек се пуштени и банкнотите со ликот на помилуваниот градоначалник Владимир Талески.
    Битолчани од вчера се побогати, зашто на повеќето низ џеб им се врткаат по неколку банкноти од по 360.000 евра. Келнери од познато битолско кафуле на Широк Сокак кажуваат дека битолчанец ги прашал дали може да го плати кафето и чајот со банкнотата со ликот на Талески и при тоа да не му враќаат кусур.
    Парите ги испечати таканареченото „Битолско движење“. Со нив вчера беа посипани градоначалникот Талески и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на патот Битола- Ресен кога сакаа да се сликаат за медиумите по повод реконструкцијата на патот. 
    Пари летаа врз градоначалникот и министерот на патот Битола - Ресен Фото: СДК.МК

    Пари со ликот на Талевски во вредност од 360.000 евра вчера летаа врз градоначалникот и министерот на патот Битола – Ресен како дел од герила акцијата на граѓани од Битола – Фото: СДК.МК

    Специјалното јавно обвинителство отвори предмет „Транспортер“ во кој го сомничи градоначалникот на Битола дека го оштетил буџетот за околу 360.000 евра за две учебни години. Тој тоа го правел со манипулации со цената за превозот на учениците, со директорите на основните и средните училишта и со вработени во општинската администрација.

    Градоначалникот на Битола Владимир Талески е еден од помилуваните од списокот на претседателот Ѓорге Иванов со 56 политичари и нивни соработници осомничени за кривични дела од Специјалното јавно обвинителство.

    За него поради амнестијата од Иванов не се бара никаква мерка, а за 11 други соучесници СЈО побара мерка притвор. Судија на претходна постапка прво одреди притвор за секретарот во општина Битола и  најблизок соработник на градоначалникот Владимир Талески. Но, Кривичниот суд во Скопје по жалба на одбраната, му го укина притворот.

    СЈО најави дека од Талевски ќе се бара да ја надокнади штетата, оти за тоа не е помилуван, вклучително и конфискација на имот.

    Пред општинската зграда веќе трета недела траат протести со кои се бара оставка на градоначалникот и отповикување на одлуката за аболиција на претседателот Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира