БИТОЛЧАНИ СО СЕНО ЗА НЕДОКАПЕНИОТ КОЊ НА ФИЛИП

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ СО СЕНО ЗА НЕДОКАПЕНИОТ КОЊ НА ФИЛИП

    Филип Втори во Битола само го одмија, но не го искапија. Неколкуте битолчанки од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ кои попладнево се зафатија да го исчистат споменикот, се разотидоа откако си заминаа камерите. Така споменикот остана до пола исчистен, а пола исшаран.

    Вечерва демонстрантите на мегафон прашаа „Дали вака чистат и по дома?“, а на коњаникот му донесоа сено да се нахрани по замивањето.

    Вака ли чистите дома, ги прашаа герилците ВМРО-вките и оставија сено за коњот на таткото на Александар (Фото: СДК.МК)

    Вака ли чистите дома, ги прашаа герилците ВМРО-вките и оставија сено за коњот на таткото на Александар (Фото: СДК.МК)

    На вечерните протести „Битолското движење“ го преименува булеварот Први мај во Булевар Аболиција. Тоа е улицата на која се наоѓаат канцелариите на Ѓорге Иванов, судовите и општина Битола. На канцеларијата на Инанов беа залепени големи фотографии од него и градоначалникот Владимир Талески, а демонстрантите ги гаѓаа со боја. Повторно беше обоен Основниот суд, а пред општина Битола побараа повлекување на аболицијата за Талески, а потоа Иванов да си даде оставка.

    Демонстрантите носеа транспарент „Мајмуни во Скопје, во Битола мртовци“, осврнувајќи се на новата идеја на власта во главниот град да прави рајска градина.

    Напоредно беше организиран и контрапротест од ГДОМ, на кој беше побарано да запре уништувањето на спомениците и да има избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари