Фотографиите од собирите за поддршка на градоначалникот на Битола Владимир Талевски кружат низ социјалните мрежи како доказ за партиските активности.
Во првите борбени линии се битолските ВМРО-вки. Ова е фотографија снимена во дворот на еден супер маркет во близина на зградата во која што живее Талевски и каде што треба да е во куќен притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство. Објавена е на социјалните мрежи како доказ за верноста кон градоначалникот и кон ВМРО-ДПМНЕ.
Зад демонстрантките се гледа врвот од зградата во која што живее Талески.
На прашањето зошто не протестираат пред неговиот стан, туку пред супермаркет, од партијата рекоа дека собирот не бил до самата зграда за да не ги возменируваат останатите станари.
Вчера и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека СЈО води политичка хајка против битолскиот градоначалник, а ГДОМ најави протест пред Кривичниот суд во Скопје.