БИТОЛСКА ФИРМА ЗА 4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ ГО ЧИСТИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    БИТОЛСКА ФИРМА ЗА 4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ ГО ЧИСТИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ„Ова е редовна набавка која се распишува на годишно ниво. Претходно беше ангажирана фирмата Стед комерц“, велат од Министерството за здравство

    Битолска фирма ќе се грижи за одржување на хигиената во кругот на Клиничкиот центар во Скопје. Од Министерството за здравство велат дека завршил тендерот за избор на фирма за одржување на хигиената во клиничкиот центар, односно за одржување на просторот околу клиниките.

    „На тендерот се јавија тројца понудувачи, од кои две фирми ги исполнија условите и по завршување на електронската аукција е избран најповолен понудувач. Во текот на оваа недела се очекува да се потпише договорот со избраната фирма“, велат од Министерството за здравство.

    Најдобра понуда на електронската аукција била од фирмата Еко клуб ДООЕЛ Битола, а во текот на оваа година ќе се грижи за одржување на површина од 118.231 квадратни метри.

    „Вредноста на договорот за јавна набавка за одржување на хигиената во просторот на Клинички центар изнесува 3,9 милиони денари, или 63,6 илјади евра. Станува збор за редовна набавка која се распишува на годишно ниво. Претходно беше ангажирана фирмата Стед комерц“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира