БИТОЛСКАТА ПАРА „ВЛАДИМИРКА“ ПРОМОВИРАНА И ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКАТА ПАРА „ВЛАДИМИРКА“ ПРОМОВИРАНА И ВО СКОПЈЕ

    Никола Бабовски, претседател на Демократскиот сојуз на Власите во Македонија, штотуку во Скопје ја промовираше парата од 360.000 евра со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, што се појави како герила акција за време на битолската Шарена револуција.

    Банкнотата беше поделена среде дебата на лидерите на партиите организирана од невладината „Цивил“ во еден скопски хотел. На дебатата не дојде никој од ВМРО-ДПМНЕ.

    Бабовски ја нарече парата „единица мерка за криминал и корупција – Владимирка“. Потоа граѓанска активистка на присутните им подели по една банкнота со ликот на Талевски. Банкнотите беа за миг разграбани од присутните.

    Станува збор за банкнотата од 360.000 евра со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, што битолското здружение „Движење за Битола“- ја отпечати откако тој беше помилуван од претседателот Иванов како осомничен од СЈО за манипулации со школскиот превоз.

    Парата стана многу популарна во Битола откако група граѓани пред неколку дена со герила акција ги фрлија банкнотите со ликот на градоначалникот за време на посетата на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој беше дојден заедно да се сликаат на местото каде што се реновира патот Битола – Ресен- Буково.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари