БИТОЛСКИТЕ ВМРОВЦИ СЛАВЕА РОДЕНДЕН, ТАЛЕВСКИ НЕ ГО НИ СПОМЕНАА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКИТЕ ВМРОВЦИ СЛАВЕА РОДЕНДЕН, ТАЛЕВСКИ НЕ ГО НИ СПОМЕНАА

    Ни името на битолскиот градоначалник Владимир Талевски не му го спомнаа  сопартијците во официјалните говори на синоќешната прослава на 26. роденден на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Прославата се одржа на летната сцена на Тумбе кафе, во близина на Зоолошката градина, која беше изградена пред неколку години токму по иницијатива на Талевски.

    Координаторот на Општинскиот Комитет, Борче Димитровски во обраќањето до присутните рече дека во последната година и половина партијата го пребродува најголемиот удар зададен до сега на крајно кукавички и манипулативен начин, со сите сценарија,  местенки и политички хајки против истакнати функционери, но не посочи имиња.

    На 20 јули ќе се наврши еден месец откако Талевски е во куќен притвор. Осомничен е во предметот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за наводни злоупотреби со општинските пари за превозот на ученици.

    Тој освен градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, до пред неколку години беше и координатор на партијата во Битола.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари