БОКИ 13 НА УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕГО ЗА „РЕКЕТ“

    БОКИ 13 НА УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕГО ЗА „РЕКЕТ“Притворениот Боки 13 денеска беше спроведен на увид во доказите против него во Обвинителството за организиран криминал и корупција. (Фото: К. Попов)

    Првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 денеска околу пладне беше спроведен од затворот во Шутка во Обвинителството за организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите против него. Тој во понеделникот беше на распит кај Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, но одби да даде исказ додека не изврши увид во доказите, што е негово законско право.

    Исказ на вчерашниот распит не даде ниту третооосомничената во „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која, исто така, побара прво да ги види доказите против неа. Таа треба утре да дојде на увид во доказите.

    Второосомничениот Зоран Милески-Кичеец вчера беше пуштен во домашен притвор.

    Боки 13 и Кичеец беа уапсени на 15 јули, кога им беше и одреден притвор, додека Јанева беше уапсена и притворена на 21 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира