БОКИ 13 ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР ПО 15-МЕСЕЧЕН ПРЕСТОЈ ВО ШУТКА 

    БОКИ 13 ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР ПО 15-МЕСЕЧЕН ПРЕСТОЈ ВО ШУТКА Бојан Јовановски-Боки 13 е обвинет и во случајот „Меѓународен сојуз", за кој тече судска постапка, но е моментално во прекин поради тоа што на Јовановски му е влошена здравствената состојба и постојано е в болница. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на осудениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и тој од ефективен, оди во куќен притвор.

    Јовановски 15 месеци е во притвор под сомневање дека зел од бизнисменот Орце Камчев 1,5 милион евра и тие пари ги испрал, со тоа овозможил и приходи да избега од државава. Тој е обвинет и во случајот „Меѓународен сојуз”, за кој тече судска постапка, но е моментално во прекин поради тоа што на Јовановски му е влошена здравствената состојба и постојано е в болница.

    „Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор спрема обвинетиот Б. Ј. и се определува мерка куќен притвор“, вели Основниот кривичен суд Скопје.

    Јовановски е единствениот обвинет кој остана во притвор, за разлика од други осомничени или обвинети за многу потешки кривични дела кои се бранат од слобода.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира