БОКИ И МАЈКА МУ ОТИШЛЕ НА ШОПИНГ ВО МИЛАНО ДВА ДЕНА ОТКАКО ГИ ЗЕЛ ТОРБИТЕ ОД КАЈ КАМЧЕВ

    БОКИ И МАЈКА МУ ОТИШЛЕ НА ШОПИНГ ВО МИЛАНО ДВА ДЕНА ОТКАКО ГИ ЗЕЛ ТОРБИТЕ ОД КАЈ КАМЧЕВПрвообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 на судење за „Рекет“. (Фото: К. Попов)

    Во продолжение на доказната постапка за рекетирање со 1,5 милион евра на бизнисменот Орце Камчев од страна на Бојан Јовановски-Боки 13, за негово ослободување преку Катица Јанева од истрагата „Империја“, се прекина со презентацијата на видеоснимките од куќата на Камчев.

    Торбите, според обвинението во „Рекет“, со над милион евра, Јовановски и Зоран Милевски ги изнесуваат откај Камчев на 20.2.2019. Според редоследот на доказите на обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска за два дена заминуваат во Италија.

    Според приложените сметки од Јовановски од шопингот на скапа брендирана облека во Милано, првите 11 се во вредност околу 50 илјади евра. Втората тура е во вредност од над 60 илјади евра. Вкупно, како што кажа Русковска, потрошиле 148 илјади евра.

    Потоа беше прикажана ватсап порака меѓу обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Првин ѝ праќа фотографија од гарнитури за седење и ја прашува; „Одбра? Стигнати се“.

    Потоа доказната постапка продолжи со пораки на ватсап меѓу Јовановски со Камчев, Дејан Панделески и со Фросина Ременски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира