БОРИСОВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ 5.000 ВАКЦИНИ ДА БИДАТ ИСПРАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА

    БОРИСОВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ 5.000 ВАКЦИНИ ДА БИДАТ ИСПРАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈАМакедонскиот министер за здравство Венко Филипче на 22 декември присуствуваше на седница на бугарската влада, по што кажа дека Бугарија од секоја пратка на вакцини против ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. (архивска фотографија)

    Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека следната недела во Бугарија ќе пристигнат над 200.000 вакцини против ковид-19, од кои тој ќе предложи 5.000 да бидат испратени во Македонија.

    „Ќе предложам 5.000 вакцини да испратиме во Република Северна Македонија, како вистински гест за здравјето на луѓето. Во април ќе добиеме повеќе од милион вакцини, убеден сум“, изјави Борисов, за време на посета на гасовод во Лозенец.

    Македонскиот министер за здравство Венко Филипче на 22 декември присуствуваше на седница на бугарската влада, по што кажа дека Бугарија од секоја пратка на вакцини против ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Оттогаш, ова е прва најава од Бугарија за донација на вакцини за Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира