Пролонгираната неизвесност за тоа како политичките лидери ќе ја решат нивната политичка криза продолжува да биде голема грижа за социјалната, безбедносната и економската добросостојба на земјата, изјави попладнево британскиот амбасадор Чарлс Гарет.
Во писмена изјава што ја објави Британската амбасада се вели: Потребно е политичките лидери итно да изнајдат решение, кое ќе биде усогласено и издржано. Но, за вистински издржано и одржливо решение, тоа треба да ги опфати помилувањата од страна на претседателот на начин кој ќе го сочува владеењето на правото. Тоа подразбира правна одговорност за сите граѓани.