БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕДВАРД ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ГИ ПРОМОВИРА СИЛНИТЕ ВРСКИ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕДВАРД ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, ЌЕ ГИ ПРОМОВИРА СИЛНИТЕ ВРСКИ МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИПринцот Едвард, најмладиот син на кралицата Елизабета Втора, беше пречекан на Скопскиот аеродром од министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (Фото: Твитер)

    Британскиот принц Едвард пристигна попладнево на Скопскиот аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    „Уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји“, твитна Шекеринска.

    Најмладиот син на кралицата Елизабета Втора, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

    На настанот ќе се претстават млади луѓе, кои со поддршка на Британија работат на одржливи решенија за урбано планирање и биодиверзитет, ќе има настап на тема одржлива мода и принцот ќе има можност да слушне за образовните иницијативи поддржани од Британскиот совет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира