БРОЈОТ НА ПРИТВОРЕНИ СЕ НАМАЛУВА, НО СЕ УШТЕ Е ЕКСТРЕМНО ВИСОК, ВЕЛАТ ОД КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БРОЈОТ НА ПРИТВОРЕНИ СЕ НАМАЛУВА, НО СЕ УШТЕ Е ЕКСТРЕМНО ВИСОК, ВЕЛАТ ОД КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА

    Бројот на притворени лица се уште е екстремно висок, иако е намален од 254 на 198 за 4 месеци, велат од Комитетот за заштита на правата. Како дел од акцијата „Ајде да спасиме судбини“, Комитетот денеска одржа прес-конференција пред Основниот суд Скопје 1, на која беше потенцирано дека бројот на притворени лица треба да се намали на помалку од 100 лица.

    „Бројот на притворени лица се уште е екстремно висок и дека треба да се намали на помалку од 100 лица, од причини што според информациите на комитетот, се уште се држат лица во притвор, иако причините за притвор повеќе не постојат. Во притвори се држат се уште граѓани по 2 или по 3 години а штетата и последиците врз нив и семејствата се огромни“, кажа Ване Цветанов, координатор на Комитетот, додавајќи дека акцијата допринела во делот на подигањето на јавната свест кај судиите.

    Членовите на Комитетот и граѓаните, роднините и пријателите на притворените лица изразија голема благодарност до донаторот Цивика мобилитас и до Швајцарската Амбасада во Скопје за финансирањето и подршката на оваа акција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира