БУГАРИЈА БАРА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД МАЛЦИНСТВОТО И ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО ЕУ

    БУГАРИЈА БАРА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД МАЛЦИНСТВОТО И ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА СО ЕУЕкатерина Захариева, Никола Димитров и Бујар Османи е во Берлин на покана на германското претседателство со ЕУ во обид да се надмине спорот меѓу двете држави и првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија да се одржи до крајот на годината. - Димитров и Захариева во Скопје на 1 август 2019 (Фото: К. Попов)

    Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кажа дека Бугарија сè уште не е подготвена да одобри почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, по синоќешната средба во Берлин со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни Бујар Османи. Тројцата се во Берлин на покана на германското претседателство со ЕУ во обид да се надмине спорот меѓу двете држави и првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија да се одржи до крајот на годината.

    „Сè уште не сме подготвени да ја одобриме преговарачката рамка за Македонија. Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси, кои што продолжуваат да водат кон антибугарска кампања. Тоа позицијата на бугарската влада“, изјави Захариева за бугарската агенција БГНЕС.

    Захариева вели дека и во преговарачката рамка треба да биде вметнато дека Македонија се откажува од тврдењата за македонско малцинство во Бугарија.

    „Работиме на отстранување на преостанатите барања на Бугарија во преговарачката рамка, кои што се врзани со гаранции, со одобрение за дејствување за исполнување на договорот од 2017 година. Бараме јасно декларирање и во преговарачката рамка и од страна на Македонија, дека нема да се поддржуваат претензии за малцинство од државните институции“, вели бугарската министерка.

    Таа кажа и дека за Македонија ќе биде голема штета да ја пропушти оваа шанса да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

    „Да, се согласувам со колегите од Скопје, дека никој нема право да му определува на еден граѓанин како ќе се самоопределува. Истото важи и за бугарските граѓани. Нема како некој да каже дека тој јазик е различен од нашиот, затоа и ја направивме формулата во 2017 година. Му благодарам на германското претседателство за ангажманот и иницијативата, но сè уште не сме стигнале до таму да кажеме ‘Да’. За Скопје ќе биде голема штета да ја пропушти оваа можност“, вели Захариева.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира