БУГАРСКИ ХЕЛИКОПТЕР ГО ГАСИ ПОЖАРОТ КАЈ ТРЕБОВЛЕ, ОГНОТ СЕ ШИРИ КОН ЛУТОЕЦ И РАСТЕШ

    БУГАРСКИ ХЕЛИКОПТЕР ГО ГАСИ ПОЖАРОТ КАЈ ТРЕБОВЛЕ, ОГНОТ СЕ ШИРИ КОН ЛУТОЕЦ И РАСТЕШЕвакуирани се првите три куќи од селото Растеш, а од местото викано Калев во селото Растеш евакуирани се возрасна жена и болно дете. - Од пожарот кај Требовље; Мапа на ЦУК со активни пожари

    Противпожарните бригади и армијата кои го гасат пожарот кај село Требовле, Општина Македонски Брод, денес добија засилување – стигна хеликоптер од Република Бугарија. На барање на нашата Влада хеликоптерот утрово учествувал во гасењето на пожарот заедно со уште два хеликоптери од Армијата на Република Македонија и два канадери од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    Попладнево огнот се доближи до месноста Лутоец и селото Растеш. Евакуирани се првите три куќи од селото, а од местото викано Калев во селото Растеш евакуирани се возрасна жена и болно дете, исто така поради опасност огнот да им ја зафати куќата.
    Пожарот се уште е активен, а попладнево во гасењето бил вклучен еден хеликоптер.

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека бугарскиот хеликоптер го побарале вчера и тој ќе остане се додека има потреба.
    „Вчера на координативно тело во кое има претставници од ЦУК, од Македонски шуми, од ДЗС, од Инспекторатот за шумарство, од Министерството за транспорт и врски беше донесен предлог заклучок да побараме помош од Бугарија оти само таму, од соседните земји, нема пожари откако претходно одлучивме дека ни треба меѓународна помош. Владата го прифати предлогот од координативното тело и утрово пристигна еден хеликоптер со екипаж“, вели Надица В’чкова, портпарол на Ценатрот за управување со кризи.

    Според договорот со Бугарија, Македонија треба да ги покрие трошоците за гориво за хеликоптерот и за сместувањето за екипажот.
    Пред неколку дена од Македонија помош за гасење пожари побарала Црна Гора, но одговорот бил негативен затоа што и кај нас имаше неколку активни пожари.

    Освен пожарот кај Требовле каде то има оган веќе 14 дена, активни попладнево се новиот шумски пожар меѓу селата Девич и Грешница каде што гасат Противпожарната бригада Македонски Брод и вработени од Македонски шуми, горат суви дрва на падините на Горна Јакупица, Велес, таму гасат вработени во Шумското стопанско Бабуна Велес.

    Има пожар помеѓу селата Раштани и Бузалково кој околу 14,30 часот пожарот се раширил во три правци и тоа кон селата Раштани, Сливник и Клуковец, пожар има и во тетовско Здуње до каде се раширил пожарот од Македонски Брод, а од утрово шумски пожар има и на Плачковица меѓу селата Теранци и Водовиште. Во гасењето на сите пожари се вклучени локалните противпожарни единици, а на Плачковица во гасење е вклучена и ДЗС.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира