БУГАРСКИОТ КЛУБ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ВО БИТОЛА ГИ ВОЗНЕМИРУВА ГРАЃАНИТЕ, УТВРДИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

    БУГАРСКИОТ КЛУБ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ВО БИТОЛА ГИ ВОЗНЕМИРУВА ГРАЃАНИТЕ, УТВРДИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈАКомисијата препорачува здружението „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување. (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола ги дискриминира и вознемирува борците од антифашистичката Народноослободителна борба (НОБ), македонскиот народ и етничките заедници, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Комисијата донесе вакво мислење по претставката за заштита од дискриминација од Сојузот на борци од НОБ против здружението „Ванчо Михајлов“.

    Се утврдува продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид на дискриминација извршена од културниот центар ‘Иван Михајлов‘ од Битола кон членовите, семејствата и почитувачите на Сојузот на борци од НОБ, но и на македонскиот народ и припадниците на сите етнички заедници. Комисијата утврди повеќекратно поттикнување, повикување и инструкција за вознемирување од културниот центар ‘Ива Михајлов‘ кон Сојузот на борци Битола. Комисијата утврди извршена индиректна дискриминација од Министерството за правда поради пропуштање на извршување на своите надлежности со што му се овозможува на културниот центар да врши дискриминација“, кажа на денешната прес-конференција претседателката на Комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска.

    Комисијата препорачува здружението „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата кои предизвикуваат вознемирување во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот, делот и промовирање на идеологија на историската личност Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена.

    Најважно е што се препорачува Министерството за правда да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации согласно челн 58 од овој закон, кој забранува да се организираат и регистрираат здруженија кои потикнуваат ширење на национална, расна нетрпеливпост и повреда на правата на други лица согласно нашиот устав во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата“, рече Бендевска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира