БУЈАР ОСМАНИ ЈА ОСУДИ КАФЕАНСКАТА ТЕПАЧКА ВО ОХРИД И РЕЧЕ ДЕКА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НАПАДНАТ ПОРАДИ ИДЕНТИТЕТ

    БУЈАР ОСМАНИ ЈА ОСУДИ КАФЕАНСКАТА ТЕПАЧКА ВО ОХРИД И РЕЧЕ ДЕКА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ НАПАДНАТ ПОРАДИ ИДЕНТИТЕТЗа Османи, Џамбаски е маргинален лик на кој не треба да му се дава на значење. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди синоќешниот напад на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, на денешната прес-конференција со босанската колешка Бисера Турковиќ.

    Синоќа во Охрид, во кафеанска тепачка беше од тројца сограѓани беше нападнат 21-годишниот Х.П., а според првичните сознанија на истрагата, но и очевидци, станува збор за пресметка поради лични недоразбирања од претходно.

    „Сакам да ја искористам оваа можност остро да го осудам овој напад и да побарам институциите да ги преземат сите мерки за одговорност на лицата кои што извршиле физички напад поради етнички, културен или било кој идентитет на наш граѓанин. Во оваа држава никој не смее да биде нападнат заради погледи, мислења, ставови, чувства или идентитет“, кажа Османи.

    Османи беше прашан и дали има план за непожелна личност да се прогласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по антимакедонските ставови. Министерот за надворешни работи смета дека не треба да му се дава важност на Џамбаски, кого го нарече маргиналец.

    „Мислам дека целта на господинот, колку што е да провоцира, е и да се промовира, да предизвика реакција кај нас и таа реакција да ја искористи во својата политичка промоција. Тој е маргинален лик. Не сакаме да им дадеме премногу тежина на такви маргинални провокатори“, вели Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира