ЧАДОРИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЧАДОРИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Најновиот изум на шарените револуционери за заштита на полицајците се чадорите. За време на протестот во петокот навечер, неколку девојки со чадори застанаа пред полицискиот кордон што ја чуваше зградата во која што се наоѓа седиштето на Антикорупциската комисија.

    sarena revolucija - 06 maj 030

    Поради одалеченоста на зградата од улицата и неодамна поставената украсна ограда од 700.000 евра балоните со боја стасаа само до столбовите на оградата (Фото: СДК.МК)

    Протестот во петокот беше посветен на корупцијата и затоа антивладините демонстранти овој пат фрлаа балони си боја врз влезот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која ја обвинија дека ја крие корупцијата во власта. Девојките што ги штитеа полицајците од балоните со боја рекоа дека тоа го прават затоа што шарената револуција не е против народната полицијата, туку против корумпираната власт која ги користи полицајците да се заштити од гневот на граѓаните.

    sarena revolucija - 06 maj 005

    Стотици шарени балони летнаа носејќи ја сликата на Никола Груевски кон небото. Граѓаните викаа: „Да одлета Грујо, како што одлетаа балоните“ (Фото: СДК.МК)

    Чадорите не успеаја да ги спасат од боење полицајците кои го чуваа белиот дворец на Владата. Поради одалеченоста на зградата од улицата и неодамна поставената украсна ограда што чинеше 700.000 евра, балоните со боја стасаа само до столбовите на оградата и до штитовите на неколку полицајци.

    sarena revolucija (6)

    Од протестот на 22 април пред Агенцијата за медиуми во Скопје што шарените револуционери ја обоија како главно цензорско тело што му помага на Груевски

    Слична случка беше забележана и на 22 април кога шарените револуционери ја боеја зградата на Агенцијата за медиуми. Тогаш еден постар господин кој маршираше заедно со антидемонстрантите му пријде на еден полицаец и му го бришеше штитот штотуку замачкан со боја.

    За време на протестот стотици шарени балони летнаа носејќи ја сликата на Никола Груевски кон небото. Граѓаните викаа: „Да одлета Грујо, како што одлетаа балоните“. Еден балон се закачи на жица што предизвика еуфорија и смеење меѓу присутните.

    Организаторите поставија и голема картонска машина за перење пари на еден постамент во Паркот на жената борец, како споменик за корумпираната Влада.

    Машината за перење пари беше поставена како споменик во Паркот на Жената борец спроти Собранието на Македонија (Фото: СДК.МК)

    Машината за перење пари беше поставена како споменик во Паркот на Жената борец спроти Собранието на Македонија (Фото: СДК.МК)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира