ЧАВКОВ МУ КРЕВАЛ НА ГРУЕВСКИ, А НЕ И НА НУХИУ, ДОДЕКА ТРАЕШЕ НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

    ЧАВКОВ МУ КРЕВАЛ НА ГРУЕВСКИ, А НЕ И НА НУХИУ, ДОДЕКА ТРАЕШЕ НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТОЛидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека во четвртокот се случил организиран обид за негово убиство. - Од упадот на демонстрантите во една од собраниските сали (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков се слушнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да му објасни што се случува во Собранието по изборот на Талат Џафери за нов спикер во четвртокот, кажа синоќа Груевски во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. Претходно, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу рече дека „од ескалацијата сè до 20 часот, раководителот на оперативниот штаб Чавков не беше достапен за мене, иако го барав и телефонски и лично“.

    Демонстраните си правеа селфија во Собранието и потоа ги споделуваа на социјалните мрежи. (Фото: СДК.МК)

    „Ми кажаа дека веќе има некаков пренос и сакав да видам што е тоа. Прво погледнав преку интернет да видам за што станува збор, за што ме извадија од состанок. Откако добро видов, почнав да вртам телефони кај сите мои соработници. Меѓу другите, го побарав и Чавков да го прашам што се случува. Ми објасни што се случува и она што јас го кажав е дека полицијата треба професионално да постапи и да ги одбрани животите на сите таму“, кажа Груевски, кој завчера беше во Виена.

    Груевски ги одби обвинувањата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека во четвртокот се случил организиран обид за негово убиство. – Демонстранти во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Тука водителот Александар Чомовски го прекина и го праша: „Вам ви дигна телефон, а на Нухиу не?“
    „Не знам во кое време му вртел Нухиу, а во кое време јас“, одговори Груевски.

    Демонстранти во пленарната сала на Собранието (Фото: СДК.МК)

    Во интервјуто, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека во четвртокот се случил организиран обид за негово убиство.

    Полицијата им дозволи на демонстрантите слободно да влезат во Собранието веднаш по изборот на на Талат Џафери од ДУИ за спикер. (Фото: СДК.МК)

    „Ако сакаше некој да го убие Заев, ќе го убиеше“, рече Груевски и објасни: „Во салата имаше 100-200 луѓе, на неколку метри, ако дошле со помисла да го убијат, можеа да го убијат. До него стоеја. Така што не е точно дека некој сакал да го убие, туку најверојатно луѓето ги понел револтот“.

    Пратеникот од парламентарното мнозинство Павле Богоевски беше физички нападнат од неколку лица во Собранието и му беше искината облеката. (Фото: СДК.МК)

    Контрадикторни се и изјавите на министерот Нухиу и директорот на БЈБ Чавков околу подготвеноста на полицијата за да се справи со напад на Собранието. Чавков тврди дека не бил известен дека ќе се прогласи нов претседател на Собранието и вели дека полицијата немала сознанија и најави за можни инциденти.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев си замина од Собранието со раскрвавена глава. (Фото: СДК.МК)

    Нухиу, пак, кажа дека оперативниот штаб, чиј раководител бил Чавков, имал подготвено планови за три претпоставени ситуации – за мирни протести, за избирање претседател на Собрание и за избирање влада.
    Помошник-министерот за односи со јавноста и за стратешки прашања, Јордан Ламановски кажа дека Нухиу го разрешил директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков од позицијата шеф на оперативниот штаб при МВР и сега со штабот раководи самиот министер.

    Над 100 пратеници, полицајци и цивили беа повредени во нападот на Собранието во четвртокот. – Демонстранти во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, неговата заменичка Радмила Шеќеринска, лидерот на АА Зијадин Села и уште неколкумина други пратеници беа натепани за време на завчерашниот напад на Собранието од страна на демонстранти на „За заедничка Македонија“. Повредени беа над 100 пратеници, полицајци и цивили во нападот што почна по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието нешто по 18 часот.

    М. Илиоски

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира