ЧЕШКИ ХЕЛИКОПТЕР И 61 ПОЖАРНИКАР ОД СЛОВЕНИЈА ЌЕ СТИГНАТ ДЕНЕСКА ЗА ПОМОШ ВО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ

    ЧЕШКИ ХЕЛИКОПТЕР И 61 ПОЖАРНИКАР ОД СЛОВЕНИЈА ЌЕ СТИГНАТ ДЕНЕСКА ЗА ПОМОШ ВО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕТие ќе бидат упатени во Берово и ќе го гасат пожарот на планината Готен. (Фото: ДЗС)

    Еден чешки хеликоптер со седумчлена посада и 61 пожарникар од Словенија со 18 возила денеска ќе стигнат во земјава за помош во гасењето на пожарите. Како што кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов помошта стигнува откако вчера беше активиран механизмот за цивилна заштита не ЕУ.

    Тие ќе бидат упатени во Берово и ќе го гасат пожарот на планината Готен“, рече Ангелов.

    Денеска активни се седум пожари, а три се под контрола. Активни пожари се во 1. Општина Василево, Радовиш и Берово на Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во Општина Прилеп пожар има во село Бешиште, местото викано Бешишки Рид, кој е проширен кон Градешница, Опш. Новаци и крак кон границата со Грција. На овој пожар не се интервенира поради детонации.

    Пожар има во Општините Прилеп и Кавадарци меѓу селата. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп), и село Галиште и Трстеник (Кавадарци), каде гори мешана шума и ниска вегетација. Во Општина Македонски Брод: меѓу село Црешево, Локвица и Крапа, во Општина Македонска Каменица кај село Ќосевица, во Општина Чашка кај село Ореше и во Кичево во село Горно Црско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира