ЧЕТВОРИЦА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ, МЕДИЦИНСКА СЕСТРА И ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ОД ДЕТСКА КЛИНИКА СЕ ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ

    ЧЕТВОРИЦА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ, МЕДИЦИНСКА СЕСТРА И ШАЛТЕРСКИ РАБОТНИК ОД ДЕТСКА КЛИНИКА СЕ ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ„Нема ништо чудно што се заразиле со морбили. Сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани постои можност да се разболат, а меѓу мив и здравствените работници. Затоа апелирам да се вакцинираат сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани, не само децата, туку и возрасните“, вели д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје (Фото: СДК.МК)

    На домашно лекување се четворица специјализанти, медицинска сестра и шалтерски работник од Клиниката за детски болести, бидејќи се заразиле со мали сипаници. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, вели дека овие случаи се откриени пред неколку дена и дека заболените се со полесна клиничка слика, поради што се пуштени на домашно лекување.

    „Нема ништо чудно што се заразиле со морбили. Сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани постои можност да се разболат, а меѓу нив и здравствените работници. Затоа, апелирам да се вакцинираат сите што се невакцинирани или непотполно вакцинирани, не само децата, туку и возрасните. Епидемијата трае и можно е ширење на болеста, затоа вакцинацијата е најдобрата превенција“, вели д-р Караџовски.

    Од Министерството за здравство велат дека на Клиниката за инфективни болести е примено двегодишно дете од Карпош, кое не било вакцинирано со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) и кое не посетувало градинка. Амбулантски на Клиниката се прегледани два лица со полесна клиничка слика на морбили и пуштени се на домашно лекување.

    „Прегледани се дете на возраст од 18 месеци и 35-годишен возрасен од Кучевишка бара од Бутел. На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат од мали сипаници 21 лице. Од почетокот на епидемијата досега вакцинирани се 4.070 лица“, велат од Министерството за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира