ЧЕТВОРИЦА ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, ЗАСЕГА НЕМА ЕПИДЕМИЈА ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ЧЕТВОРИЦА ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, ЗАСЕГА НЕМА ЕПИДЕМИЈА ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕВо Скопје се вакцинирани над 9.000 деца што е одлична бројка и искрено се надевам дека трендот ќе продолжи и натаму, за да заврши епидемијата, вели министерот за здравство Венко Филипче (Фото: СДК.МК)

    Четворица заразени со мали сипаници кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се во тешка состојба, но засега не се во животозагрозувачка состојба, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 29 заболени од морбили, од кои 11 се возрасни, а останатите се деца.

    „Иако, тоа е состојба која дополнително може да се искомплицира затоа што станува збор за тешко воспаление на белите дробови“, рече Филипче.

    По информациите од Институтот за јавно здравје дека епидемија на морбили е прогласена и во Гевгелија и дека од вкупно 25.000 невакцинирани деца, надвор од Скопје многу малку се вакцинирани, тој рече дека засега нема да прогласат епидемија на територија на цела земја, и дека ги разгледуваат бројките за секој град посебно.

    „Во Скопје се вакцинирани над 9.000 деца што е одлична бројка и искрено се надевам дека трендот ќе продолжи и натаму, за да заврши епидемијата“, рече Филипче.

    Од Министерството за здравство велат дека во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни болести се пријавени седум ново заболени од морбили, а од нив едно дете е примено на болничко лекување. Според Институтот за јавно здравје на Клиниката за детски болести се лекуват осум деца, од кои четири се со потешка клиничка слика.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира