ЧЕТВОРИЦАТА ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ПРОТЕКУВАЊЕ ДОКАЗИ ОБЈАВЕНИ ВО МЕДИУМИ

    ЧЕТВОРИЦАТА ПОЛИЦАЈЦИ БИЛЕ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ПРОТЕКУВАЊЕ ДОКАЗИ ОБЈАВЕНИ ВО МЕДИУМИВработените во МВР биле повикани како сведоци во врска со протекување на материјален доказ од истрага од 2014 година, објавен во медиуми во јануари. - Јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека четворицата вработени во Министерството за внатрешни работи, кои вчера беа дадат исказ пред обвинител, биле повикани како сведоци во врска со протекување на материјален доказ од истрага од 2014 година, објавен во медиуми во јануари. Минатиот месец, италијанскиот весник „Ла Верита“, објави документи од истрага за лидерот на СДСМ Зоран Заев за случај од 2014 година, за кој имало посебни истражни мерки. Истрагата била затворена поради немање докази.

    „По известување од страна на Министерството за внатрешни работи за сознанија во врска со протекување на материјал од посебни истражни мерки, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија во предистражна постапка за откривање сторители и обезбедување докази“, се вели во соопштението нa Обвинителството.

    Како што соопшти утринава Јавното обвинителство, повиканите четворица полицајци во времето на спроведување на мерката во 2014 година биле одговорни за истата, биле сослушани и им ги одзеле мобилните телефони.

    „Донесена е Наредба за вештачење на четирите одземени телефони, а воедно во наредниот период ќе бидат повикани и други лица во насока на расветлување како е дојдено снимката да биде објавена во медиуми“, велат од Обвинителството.

    Посебните истражни мерки спаѓаат во класифицирани информации со законски одреден степен на класификација „Строго доверливо“ и секое нивно објавување претставува кривично дело „Оддавање на службена тајна“ предвидено и казниво по член 360 од Кривичниот законик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира