ПОЛИЦАЈЦИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО, ЧУЛЕВ ВЕЛИ НЕ СЕ ОД НЕГОВИОТ ТИМ

    ПОЛИЦАЈЦИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО, ЧУЛЕВ ВЕЛИ НЕ СЕ ОД НЕГОВИОТ ТИМТехничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил напиша дека полициските службеници кои се на распит во Обвинителство не се дел од неговиот кабинет.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Полициски службеници се повикани на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдија од Јавното обвинителство за САКАМДАКАЖАМ.МК. Четворицата полициски службеници во моментов даваат исказ пред надлежен јавен обвинител од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    „Распитот е во врска со постапка која е во тек, одземени им се мобилните телефони“, велат од Обвинителството, додавајќи дека сè уште не можат да кажат за каков случај полициските службеници се повикани на распит.

    Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил напиша дека полициските службеници кои се на распит во Обвинителство не се дел од неговиот кабинет.

    „Станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна“, напиша Чулев на својот фејсбук профил.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира