ЧЛЕНКА НА УПРАВЕН ОДБОР НА МЕПСО ОСОМНИЧЕНА ДЕКА ГО ОШТЕТИЛА БУЏЕТОТ ЗА 360.000 ЕВРА СО НАБАВКА НА НЕФУНКЦИОНАЛЕН КОМЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

    ЧЛЕНКА НА УПРАВЕН ОДБОР НА МЕПСО ОСОМНИЧЕНА ДЕКА ГО ОШТЕТИЛА БУЏЕТОТ ЗА 360.000 ЕВРА СО НАБАВКА НА НЕФУНКЦИОНАЛЕН КОМЈУТЕРСКИ СИСТЕМЛицето К.Г. е обвинета за несовесно работење во службата според член 353-в ст.3 од Кривичниот законик.(Фото:СДК.МК)

    Финансиската полиција поднесе кривична пријава против член на управниот одбор на МЕПСО бидејќи го оштетила буџетот за 360.000 евра. Лицето К.Г. е осомничена за несовесно работење во службата според член 353-в ст.3 од Кривичниот законик бидејќи набавила нефункционален компјутерски систем.

    „Пријавената К.Г. во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности. Таа потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани. Во гарантниот период не презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675 денари“, велат од  Управата за финансиска полиција.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира