Д-ДИМЕРИ И ЦРП ЗА КОВИД БОЛНИТЕ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ИСПИТУВААТ ВО ТРИ СКОПСКИ ПОЛИКЛИНИКИ, ЗАКАЖУВАЊЕТО Е СО ТЕРМИНИ

    Д-ДИМЕРИ И ЦРП ЗА КОВИД БОЛНИТЕ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ ИСПИТУВААТ ВО ТРИ СКОПСКИ ПОЛИКЛИНИКИ, ЗАКАЖУВАЊЕТО Е СО ТЕРМИНИЛицата ќе доаѓаат во термини наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти; - Поликлиника „Драчево“. (Фото: СДК.МК)

    Испитувања на вредностите на Д-димери и ЦРП од понеделник ќе се прават во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, вели Министерството за здравство. Станува збор за анализи кои се важни во следењето на здравствената состојба на ковид пациентите.

    Во трите поликлиники, ќе има посебен план и лицата кои треба да ја направат потребната лабораториска анализа ќе доаѓаат во термини кои ќе бидат наменети само за нив за да не бидат во контакт со останатите пациенти.

    „Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување“, изјави директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира