Д-Р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ НОВ ДИРЕКТОР НА ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА, Д-Р МАРИЈА ДИМИТРОВА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    Д-Р АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ НОВ ДИРЕКТОР НА ШТИПСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА, Д-Р МАРИЈА ДИМИТРОВА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ„При инспекцијата во Клиничката болница Штип воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно утврдено е дека и хигиената во установата не е на задоволнително ниво. Врз основа на констатираното донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор“, велат од Министерството за здравство; - министерот Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Mедицинскиот директор на Клиничката болница Штип д-р Александар Стојановски е разрешен, а на негово место Министерството за здравство го именуваше д-р Ален Георгијев. Од Министерството велат дека одлуката за разрешување на медицинскиот директор ја донеле по вонредната инспекција и контрола на болницата, која се одвиваше изминатите денови.

    „При инспекцијата во Клиничката болница Штип воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно утврдено е дека и хигиената во установата не е на задоволнително ниво. Врз основа на констатираното донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор“, велат од Министерството за здравство.

    Нов директор денес доби и Центарот за јавно здравје Штип, односно д-р Марија Димитрова, го замени досегашниот директор Велик Грков.

    „Разрешен е и економскиот директор на Клиничката болница Тетово“, велат од Министерството за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира