Д-Р МАРИЈА СРЦЕВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОАРИЛУЦ

    Д-Р МАРИЈА СРЦЕВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОАРИЛУЦПроф. д-р Срцева е специјалист анестезиолог на КАРИЛ и вонреден професот на Медицинскиот факултет. (Фото: Принтскрин од видео на Сител)

    Професор д-р Марија Срцева од денес е нова директорка на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), соопшти Министерството за здравство. Од  Министерството велат дека министерот Арбен Таравари денеска постави нови директори на уште три болници.

    Д-р Берат Лена е нов директор на Специјализирана болница за нефрологија-Струга. За директорка на Универзитетскиот стоматолошки клининички центар „Св. Пантелејмон“ именувана е проф. д-р Цветанка Бајрактарова, а на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија е д-р Николина Гроздановска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира