Д-р Љуљзим Агаи е нов директор на Клиниката за неврохирургија, д-р Наташа Шекеринов е нова директорка на Клиниката за очни болести, а д-р Каролина Симоновска нова директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство Арбен Таравари денес именуваше уште осум нови директори на здравствени установи, и тоа д-р Пранвера Изаири на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и д-р Сузана Двојаковска на Клиниката за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија.
Д-р Агим Бериша е нов директор на Клиничка болница Тетово, Патрик Матх на Општа болница со проширена дејност Гевгелија, Мерхал Исмаили на Институт за медицина на трудот, Кети Пампурова-Стојчевска на Здравствен дом Валандово, Оливер Лазаровски на Здравствен дом Кратово и Генц Селмани на Здравствен дом Кичево.