ДА СЕ ДЕФИНИРА СТАТУСОТ НА САМОХРАНОСТ ПОБАРАА НА МАРШОТ ЗА ПОДДРШКА НА САМОХРАНИ МАЈКИ

    ДА СЕ ДЕФИНИРА СТАТУСОТ НА САМОХРАНОСТ ПОБАРАА НА МАРШОТ ЗА ПОДДРШКА НА САМОХРАНИ МАЈКИМаршот го организираше граѓанската организација „Една може“ (Фото: принтскрин/МИА)

    Дефинирање на статусот на самохраност и почитување на судските одлуки побараа учесниците на првиот марш за поддршка на самохрани мајки, што денеска се одржа во Скопје, во организација на граѓанската организација „Една може“.

    „Нашата борба е речиси децениска. По сите законски механизми кои ги употребивме, ни остана само ова. Излегуваме на улица во име на секоја самохрана мајка и еднородителско семејство во државата и бараме поддршка од државните институции. Игнорантноста мора да престане. Бараме дефинирање на статусот на самохраност и третман врз основа на статус, а не врз основа на неможности“, изјави Дороти Пачкова од „Една може“.

    Оттаму посочуваат дека голем број самохрани мајки не можат да ги остварат своите законски стекнати права поради корумпираност, нестручност и нефункционалност на институциите.

    „Тие мајки не можат да бидат старатели на своите деца, и покрај сите пресуди и решенија. Тие мајки се спречени да бидат со своите деца поради поголема моќ на бившиот сопруг, врски, несоодветен кадар и честа преселба на предметите од едно на друго место, кои така се влечат со месеци и години“, рече Елена Цекова од „Една може“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира