ДАЈНЕРС КЛУБ МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

    ДАЈНЕРС КЛУБ МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕДајнерс клуб картичката е првата платежна картичка во земја. (Фото: СДК.МК)

    Дајнерс клуб картичката годинава слави 30 години постоење на пазарот во Македонија. Во рамките на роденденската година, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Дајнерс клуб денес го претстави своето ново лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди наменети за сите постоечки и нови членови, како и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

    Дајнерс клуб картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога е основана компанијата „Дајнерс клуб Македонија“  па сѐ до денес,  постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Дајнерс кредитната картичка може да се плаќа во повеќе од 5.000 продажни места и преку 7.540 ПОС терминали.

    Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Дисковер е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот. Приказната за Дајнерс клуб започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Дајнерс цлуб станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

    „Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови. Дајнерс клуб е повеќе од само картичка,  чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе“,  изјави Божидар Јанковски, извршен директор на „Дајнерс клуб Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира