ДАНОЦИ СЕ ПЛАЌААТ ПОЛЕСНО АКО ЗНАЕМЕ КАДЕ СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДАНОЦИ СЕ ПЛАЌААТ ПОЛЕСНО АКО ЗНАЕМЕ КАДЕ СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ

    Македонската Влада, министерството за финансии и останатите министерства остануваат таинствени за трошењето на парите на граѓаните, додека во Албанија од 2012 година на дневна основа преку веб порталот на тамошното министерство за финансии проверуваат колку и за што ги троши албанската влада нивните пари.

    Најважен е фидбекот од граѓаните, рече Дритан Фино, раководител во министерството на Албанија на денешната конференција “Отворени податоци за трошење на јавните средства – искуства од регионот и состојбата во Македонија“, бидејќи нивните сугестии на дневна основа, не само што се користат во креирањето на политиките за Буџетот на Албанија, туку Владата ја прави попрофитна.

    “Што потранспарентна Влада и потранспарентно мининистерство за финансии за трошењето на парите на даночните обврзници, дотолку побогата Влада, бидејќи сопствениците на компаниите особено, се порасположени да плаќаат даноци кога гледаат каде одат нивните пари. Што потранспарентна Влада, помала можност за девијација и корупција“, рече Фино.

    Софтверски таму Министерството го решило проблемот и со контрола на трошењето на парите на локално ниво, од градоначалниците засега во шест најголеми општини во Албанија.

    За разлика од Албанија, Бугарија и Словенија, во Македонија граѓаните немаат претстава како се трошат нивните пари, бидејќи освен оние општи ставки во Буџетот, министерството за финансии и Владата не даваат детални информации за што ги арчат народните пари, рече Емина Нурединоска, раководител во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

    “Не успеавме да оствариме соработка со министерството за финансии. Тоа остана затворено за отчет за трошењето на народните пари“, рече таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира