ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНО ОД ГОДИНЕШНАТА БЕРБА НА ФЕСТИВАЛОТ НА МЛАДО ВИНО ВО „ТИКВЕШ“

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНО ОД ГОДИНЕШНАТА БЕРБА НА ФЕСТИВАЛОТ НА МЛАДО ВИНО ВО „ТИКВЕШ“

    Љубителите на виното викендов имаа можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба, кое традиционално се одржува во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, во рамки на манифестацијата Фестивал на младо вино.

    Фестивалот на младо вино, којшто годинава по седми пат го организира „Тиквеш“, е прв и единствен од ваков вид во земјава. На настанот присуствуваа бројни љубители на вината на „Тиквеш“, вински познавачи, познати личности од бизнис светот и од уметноста. Тој придонесува за креирање на домашната традиција за проценка на квалитетот на виното од тековната берба, за развојот на винската култура и за унапредување на репутацијата и стандардите во домашната винска индустрија и на македонското врвно вино како автентичен бренд. Во прекрасна атмосфера, добра храна и извонредно вино уживаа многубројните амбасадори, луѓе од деловниот свет, познати личности, вински познавачи, сомелиери и љубители на вината на „Тиквеш“ од целиот регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира