ДЕМИРИ И БАЈРАМИ ОД АЛИЈАНСА ИЗБРАНИ ЗА МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

    ДЕМИРИ И БАЈРАМИ ОД АЛИЈАНСА ИЗБРАНИ ЗА МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈАВеднаш по изборот, Демири и Бајрами дадоа свечени изјави. Опозицијата не беше во салата. (Фото: Собраниски канал/принтскрин)

    Собранието денеска со 63 гласа „за“ ги избра Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами за министер информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците.

    Тие доаѓаат на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, откако минатата недела се случи внатрепартиски раскол околу настапот на претстојните парламентарни избори.

    Разрешените министри се од крилото на претседателот на партијата Арбен Таравари, кој сака Алијанса за Албанците да коалицира со опозициските албански партии, додека новите двајца министри, како и министерот за правда Кренар Лога се од крилото на поранешниот претседател Зијадин Села, кој е за самостоен настап на изборите.

    Веднаш по изборот, Демири и Бајрами дадоа свечени изјави. Опозицијата не беше во салата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира