ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛАА ПЕТАРДИ ПРЕД ДИК, РАСПРАВАТА ЗА ПРИГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВА УТРЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛАА ПЕТАРДИ ПРЕД ДИК, РАСПРАВАТА ЗА ПРИГОВОРИТЕ ПРОДОЛЖУВА УТРЕ

    Демонстрантите кои втор ден се собрани пред Државна изборната комисија фрлаа петарди пред зградата, палеа огнови и факели додека ги слушаа обраќањата на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја повикуваа ДИК да не ги прифаќа, како што велат, неоснованите приговори за изборите во неделата.

    По вчерашните настапи на Антонио Милошоски, Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Амди Бајрам, Стевчо Јакимовски, Валентина Божиновска и други, денеска пред насобраните приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ се обратија Диме Спасов, Јелена Жугиќ и Сашо Стефановски, меѓу другитe.

    Денешната седница на ДИК заврши, а ќе продолжи утре во 11 часот, кога ќе се разгледува последниот приговор на СДСМ.

    ДИК денеска го прифати приговорот на Беса за избирачкото место избирачкото место 0396/1 во Гостивар, откако со графолошко вештачење беше утврдено дека некој друг се потпишал место гласачката Фатиме Сулејмани на изборите во неделата. За прифаќање на приговорот на Беса и поништување на гласањето во избирачкото место гласаа шестмина од ДИК, а тројца беа против. Гласањето во ова избирачко место ќе биде повторено, ако влијае на конечниот резултат на изборите во шестата изборна единица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира