ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОБАА ДА ГО ПРОБИЈАТ КОРДОНОТ ПРЕД ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРОБАА ДА ГО ПРОБИЈАТ КОРДОНОТ ПРЕД ВМРО-ДПМНЕ

    Демонстрантите пробаа да го пробијат кордонот полицајци кои ја чуваат зградата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, јавуваат репортерите на СДК.МК.

    Тие извикуваат „ВМРО – мафија!“.

    Со нив е и лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Достоинство Стојанчо Ангелов. Заев рече дека СДСМ не е организатор на протестот, но тој и неговите сопартијци дошле да изразат поддршка.

    Некои од демонстрантите му викаа на лидерот на СДСМ дека премногу тактизира.

    Зоран Заев и Стојанче Ангелов им се придружија на демонстрантите кои попладнево ја гаѓаа со јајца Канцеларијата на претседателот за односи со граѓаните, а потоа се обидоа да стигнат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но беа спречени од полицијата. Тие се организираа преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на протести против одлуката на претседателот Иванов да ги аболира осомничените од прислушуваните разговори.

    И кон зградата на Владата беа фрлени неколку јајца.

    Бидејќи нема формален организатор на протестите, ситуацијата е малку хаотична.

    Попладнево лидерот на СДСМ Зоран Заев повика на протести откако побара оставка од претседателот Ѓорге Иванов обвинувајќи го дека извршил државен удар.

    Претставниците на меѓународната заедница изјавија дека се сомневаат во посветеноста на Македонија кон владеење на правото. Еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека веќе се сомнева дека во Македонија се можни веродостојни избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира