ДЕНЕС ИМАМЕ ПОМАЛКУ ОД ИЛЈАДА НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ДЕНЕС ИМАМЕ ПОМАЛКУ ОД ИЛЈАДА НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕВо земјава има речиси 14 илјади активни случаи на ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Денеска бројката на новозаболени од ковид-19 е под илјада, очекуваме во наредните денови  ситуацијата да оди во таа насока и да се стабилизира и полицисккиот час кој беше воведен пред 10 дена да даде резултат, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    „Нашите проценки се дека викендов и на почетокот на наредната недела ќе се видат резултатите од полицискиот час до 22 часот. Ја следиме ситуацијата. Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции ако има потреба за тоа, но засега сметаме дека нема потреба од тоа“, кажа тој.

    Министерот додаде дека и покрај тоа што деновиве има зголемена потреба од хоспитализација на ковид болни, има места на Интерните клиники. Од вчера, Ковид-центри се отворија и на Клиниката за кардиологија и на Клиниката за пластична хирургија, но Филипче вели дека тоа е направено со цел „да има место буквално за секој пациент“.

    Филипче повтори дека на почетокот на следната недела ќе се прави анализа од мерките и ситуацијата, и во зависност од тоа, следен чекор би бил скратување на работата на угостителските  објекти и зголемување на полицискиот час.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира