ДЕНЕС ПОЧНУВА РЕГИОНАЛНИОТ БИЗНИС САМИТ 100, ЌЕ УЧЕСТВУВААТ И ПРЕМИЕРИТЕ НА ПЕТ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИ

    ДЕНЕС ПОЧНУВА РЕГИОНАЛНИОТ БИЗНИС САМИТ 100, ЌЕ УЧЕСТВУВААТ И ПРЕМИЕРИТЕ НА ПЕТ БАЛКАНСКИ ЗЕМЈИОфицијално самитот ќе го отвори Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100.(Фото:СДК.МК)

    Денес во Скопје почнува шестиот по ред регионален бизнис САМИТ 100 на лидери од Југоисточна Европа. На дводневниот самит ќе учествуваат над 150 бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Косово.

    Според програмата на самитот, вториот ден е предвиден премиерски панел, на кој ќе учсетвуваат премиерите: Зоран Заев од Македонија, Денис Звиздиќ од БИХ, Душко Марковиќ од Црна Гора, Рамуш Харадинај од Косово, Еди Рама од Албанија, а можно е да дојде и Андреј Пленковиќ од Хрватска.

    Премиерот на Македонија Заев ќе има свое излагање на тема: „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“. На самитот ќе се зборува за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

    Официјално самитот ќе го отвори Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје и претседател на управниот одбор на САМИТ100 и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

    Клучна тема на годнешниот самит на бизнисмени од Западен Балкан ќе биде поврзувањето во различни области и на различни нивоа, а еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.

    Живко Мукаетов на прес конференцијата, што се одржа минатата недела во Скопје, најави дека на овој самит ќе се разговара и за реализација на Едисон проектот, кој бил договорен на претходниот самит, лани во Сараево. Тој објасни дека со овој проект се предвидува на патиштата во регионот да се стават полначи за електромобили за да може да се воведуваат електрични автомобили, а со тоа да се исфрлат од употреба автомобилите кои користат дизел и други горива кои ја загадуваат животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира