ДЕНОВИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЕМЕ ТОЧНО КОГА, КАЖА ЗАЕВ

    ДЕНОВИ СЕ ВО ПРАШАЊЕ КОГА ЌЕ СТИГНАТ ВАКЦИНИТЕ, НО НЕ ЗНАЕМЕ ТОЧНО КОГА, КАЖА ЗАЕВЗаев денес очекуваа одговор од МНР на Кина за да продолжи постапката за набавка на вакцини. (Фото: СДК.МК)

    Уште не се знае точно кога во земјава ќе стасаат вакцините со кои и кај нас ќе почне масовната вакцинација на населението. Откако Министерството за здравство го повлече авансот за кинеските вакцини, премиерот Зоран Заев денеска кажа дека тоа е направено додека да се добие одговор од кинеското Министерство за надворешни работи.

    „Не можеме да дозволиме пари да останат на лежат, затоа го повлековме авансот додека добиеме одговор. Денес очекуваме одговор на МНР на Кина за да ја продолжиме постапката. Денови се во прашање кога ќе стигнат вакцините. Не можеме да кажеме точен датум кога ќе стигнат. Никаде во светот никој не може да каже оти има надостаток”, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на презентацијата на проектот за реконструкција на Универзална сала.

    Досега кај нас се вакцинираа дел од медицинските лица, со донираните вакцини „Фајзер“ од Србија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира