ДЕСЕТ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ СЕ ОБВРЗАА ДА ГО СМЕНАТ ЗАКОНОТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕСЕТ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ СЕ ОБВРЗАА ДА ГО СМЕНАТ ЗАКОНОТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА АБОРТУСОТ

     

    Платформата за родова еднаквост ги повика сите политички партии да се обврзат дека по изборите ќе го сменат Законот за прекинување на бременоста од 2013 година. Декларацијата денеска ја потпишаа 10 политички партии: ВМРО – Народна партија, Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Достоинство, Левица, Либерална партија(ЛП), Либерално-демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединети за Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) и Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

    Во декларацијата испратена до партиите се побара по парламентарните избори тие да се обврзат да направат измени на Законот за прекинување на бременоста, и тоа во одредбите што го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на здравствената заштита и на репродуктивните права.

    Исто така, партиите со потпишувањето се обврзаа на транспарентност и на партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации, во процесите на донесување нова законска регулатива, при што ќе се следат препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и од меѓународните документи за човековите права.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира