ДЕСЕТТЕ ГОТОВИ ИСТРАГИ НА СЈО ЌЕ ГО ДАДАТ ОДГОВОРОТ ЗОШТО НЕКОЈ ТОЛКУ ЖЕСТОКО СЕ СПРОТИВСТАВИ НА МОЈОТ РЕИЗБОР, КАЖА ЈАНЕВА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

    ДЕСЕТТЕ ГОТОВИ ИСТРАГИ НА СЈО ЌЕ ГО ДАДАТ ОДГОВОРОТ ЗОШТО НЕКОЈ ТОЛКУ ЖЕСТОКО СЕ СПРОТИВСТАВИ НА МОЈОТ РЕИЗБОР, КАЖА ЈАНЕВА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“Катица Јанева кажа дека подолг период до нејзе доаѓале гласови дека Боки 13, но и други лица го злоупотребувале нејзиното име. (Фото: К. Попов)

    Во наследство по мојата оставка како специјален обвинител оставам десетина готови, завршени истраги, кои може брзо да бидат процесирани во обвиненија. Тие ќе го дадат одговорот зошто некој толку жестоко се спротивстави јас да бидам реизбрана на функцијата, рече специјалната обвинителка Катица Јанева, на денешното прво појавување на работа и во јавноста, откако пред една недела депонираше оставка, паралелно со апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Рекет“.

    Јанева во денешната изјава негираше каква било свесна или несвесна вмешаност во „Рекет“, кој го води Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Таа кажа и дека подолг период до нејзе доаѓале гласови дека Боки 13, но и други лица го злоупотребувале нејзиното име. Јанева не дозволи новинарски прашања, но пред тоа се извини што не излегла подолг период со нејзин став во јавноста во врска со наводите за нејзина вмешаност во „Рекет“ и рече дека очекува низ транспарентна постапка да се стави крај на сите дезинформации.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира