ДЕСКОСКА ВО ПРАВДА, АРБР АДЕМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ, АЛАЃОЗОСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД КУЛТУРА

    ДЕСКОСКА ВО ПРАВДА, АРБР АДЕМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ, АЛАЃОЗОСКИ СИ ЗАМИНУВА ОД КУЛТУРАТрампата на ресорите образование и правда на СДСМ и на ДУИ ја потврди министерката за образование Рената Треневска Дескоска. - Рената Дескоска, Роберт Алаѓозовски (Фото: Влада на РМ)

    Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ.

    Трампата на ресорите образование и правда на СДСМ и на ДУИ ја потврди министерката за образование Рената Треневска Дескоска.

    „Кандидат за министер за образование е Арбр Адеми од ДУИ. Јас одам во министерството за правда“, изјави актуелната министерка за образование Рената Треневска Дескоска.

    Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на Движењето Беса од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на Беса за Гостивар, неофицијално потврдија од партијата.

    Премиерот Зоран Заев денес изјави дека предлогот за реконструкција е готов и утре тој ќе биде доставен до Собранието.

    „Реконструкцијата ќе ја предложам до парламентот утре затоа што поради пресудата не знаев дали ќе имам цела влада или ќе треба да правам реконструкција. Биографиите на новите министри ќе бидат собрани до утре изутрина и ќе бидат навреме поднесени до парламентот, кој се надевам дека до крајот на месецот ќе ја изгласа реконструкцијата на владата“, изјави Заев, по изрекувањето на ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“, не одговорајќи кои се новитетите во неговиот кабинет, рокадите и слично.

    По претходното рочиште за „Поткуп“ минатата недела, Заев потврди дека е постигнат договор со ДПА, крилото на Беса на Африм Гаши, како и со Сојузот на Ромите на Амди Бајрам.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира