ДЕТСКА КЛИНИКА ДОБИ ЦЕНТРАЛНА МОНИТОРИНГ СТАНИЦА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ДЕЛ ОД ДОНАЦИЈАТА ОД 70.000 ЕВРА ОД ПРОЕКТОТ ХОПЕ

    ДЕТСКА КЛИНИКА ДОБИ ЦЕНТРАЛНА МОНИТОРИНГ СТАНИЦА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, ДЕЛ ОД ДОНАЦИЈАТА ОД 70.000 ЕВРА ОД ПРОЕКТОТ ХОПЕ„Со централната станица во исто време ќе се следат виталните параметри на бебињата во инкубаторите“, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: Министерство за здравство)

    Клиниката за детски болести доби централен мониторинг за виталните кардиолошки и белодробни параметри кај бебињата и децата што се сместени на одделот за интензивна нега, кој е донација од проектот ПериМак и фондацијата проект ХОПЕ.

    Во моментов на интензивната нега на Детска клиника се лекуваат 11 деца, а според директорката Катерина Ставриќ, најмногу се предвреме родени бебиња, но и поголеми деца.

    „Со овој централен мониторинг докторите и медицинските сестри на едно место ќе ги следат виталните параметри на сите бебиња, кои се наоѓаат во инкубаторите. Така значајно се олеснува следењето на состојбата на децата и се забрзува времето за интервенција, ако има потреба. Ова е метода која со години наназад се користи во многу европски развиени центри, сега имаме можност да го имплементираме и за нашите бебиња“, рече Филипче.

    Д-р Ставриќ кажа дека со оваа донација интензивната нега станува центра на одличност за третман на предвреме родени деца во Македонија и дека обуката и едукациите што ги добиле докторите преку овој проект, ќе можат да ги пренесат и на докторите од другите болници.

    Мониторинг станицата е дел од вкупната донација од проект ХОПЕ во опрема, која изнесува 70.000 евра.

    „Ова е многу важен проект и дека досега се имплементираа нови методи, како што се како умбилични катетри за намалување на инфекциите кај бебињата што се на одделот за интензивна нега, кои беа во инкубатор. Да не го заборава специјалниот транспортен инкубатор, кој ќе овозможи правење магнетна резонанца кај бебиња, што досега не беше можно, бидејќи се потребни посебни инкубатори оти обичните не можат да влезат во системот на магнетна резонанца. Сакам да им се заблагодарам на експерти од Холандија, кои преку овој проект секојдневно имаат комуникација со нашите експерти и врз основа на реалните потреби и во однос на опремата и материјалите се имплементираат постапки и методи, кои го зајакнаа здравствениот систем“, рече Филипче.

    Тој рече дека нова опрема и инкубатори преку проект ХОПЕ ќе бидат донирани и за болниците во Куманово и Тетово, и ќе се обезбеди обука за докторите, бидејќи има потреба да се зајакне секундарното ниво на здравствена заштита за мајките и новороденчињата, за да може прво таму да се третираат, а потоа да се префрлат во Скопје. Оваа донација за кумановската и тетовската болница се со вкупна вредност од 250.000 евра.

    Аким Екберг претставник на проектот ХОПЕ од Германија, каже дека со проектот за намалување на смртноста кај бебињата во последните три години се инвестирани меѓу 700 до 800 илјади евра во опрема, но дека инвестирале и во обуки.

    „Опремата од една страна е многу важна, но другата страна е едукацијата на докторите што е важен дел од процесот. Денес е инсталирана централна станица која ја поедноставува работата на вработените овде, а вакви централна станица ќе инсталираме и во Гинекологија Чаир, како и во болниците во Куманово и Тетово, а потоа се надеваме дека Министерството за здравство ќе го преземе проектот и со наша помош и консултации преку локална канцеларии ќе може да им помага на бремените жени“, рече Екберг.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира